the devil makes us sin (but we like it when we’re spinning in his grin)

Кој ли град може да спие

Со толку гревови околу?

Навидум тивко

А чаршавите во собата танцуваат

на музиката на воздишките.

Длабоки,

Долги,

Бескрајни!

Нежни…

Ја гризна усната.

Знаеше дека сакаш нешто повеќе од топлина.

Легнати почнавме да ја играме играта на ѓаволот.

Воздух и пот.

Голотија.

Ах,

Твоите дланки се мотаат околу моето тело

И бавно,

Бавно

Се превртуваме под ококореното небо.

А тишината се скрши од убавина.

„Ајде да водиме љубов.“

Камбаните во мојот град

Се слушнаа ѕвоната на камбаните

Надвиснаа разгранетите крошни

А сонцето мрзеливо го отвори прозорецот.

Така почна уште едно утро.

Повторно навраќање на мотивите.

А јас со мислите задлабочена во празнината на чашата.

Тивко е.

Дури ни телевизорот не работи.

Сакам топло млеко!

Шумот на вриењето на млекото ќе ме врати во безгрижноста…

И повторно чукање на камбаните.

Овојпат од старата црква на високиот рид

Таму кај што секој сака да побегне

А да не остане заборавен.

Сега знам кога чукаат камбаните

И знам кога сонцето ќе го отвори прозорецот.

Само се прашувам,

Што ќе се случи со јаворот во малиот парк?

Твојата тајна. . .

…многу повеќе од зборови…

Искрено уживање!

По некој извадок од срцето на една млада девојка

Колку пати треба да ги тријам очите и да го барам сонцето како доказ дека и мојата желба таму некаде далеку се слушна?

…а остана заборавена во далечината под едно непознато небо.

Ќе остареме

И осаменоста повеќе нема да ни биде недофатна.

Тогаш ќе успееме да го запознаеме небото со неговите неопходности

И ќе сватиме колку вределе деновите од минатата младост.

Циркус во рајот

А јас чија метафора ќе бидам кога ќе престанам да се спомeнувам себеси во моите песни?

Massive Attack – Paradise Circus

YouTube Preview Image

(…одземање на здив…)

Следна страница »